Променливо облачно со сончеви периоди и потопло, температурите до 17 степени

Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во сабота ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе услови дополнително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува. Од понеделник температурата повторно ќе се намали.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното