Македонија

Променливо облачно со врнежи од дожд – температурите до 24 степени

Променливо облачно со врнежи од дожд – температурите до 24 степени

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (од 10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневната температура.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни