Македонија

Променливо облачно, температурите до 19 степени

Променливо облачно, температурите до 19 степени

Променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во понеделник условите за појава на краткотраен дожд ќе се намалат, а во вторник времето повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без некои поголеми промени. Во среда се очекуваат врнежи од дожд, ќе започне да дува северен ветер поради кој се очекува благ пад на дневната температура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни