Македонија

Променливо облачно, температурите до 27 степени

Променливо облачно, температурите до 27 степени

Променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (наместа над 70км/ч.). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 km/h. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни