Македонија

Променливо облачно, температурите до 9 степени

Променливо облачно, температурите до 9 степени

Претпладне со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко со променлива облачност.

Минимална температура ќе биде -4°C до 0°C, додека максималната температура ќе е од 3°C до 9°C

До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување од запад со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има од среда од крајот на денот и потоа во четврток преку денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни