Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди и значително потопло

Променливо облачно време со сончеви периоди и значително потопло, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од Скопската Котлина со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен. Во сабота претпладне ќе има услови за локален дожд, а потоа следува сончево време со мала до умерена облачност и значително потопло со температури кои од недела на повеќе места ќе надминат 25 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни