Македонија

Промовирана кампањата „Вози одморен“: Тошковски и Дачиќ го посетија ГП Табановце

Промовирана кампањата „Вози одморен“: Тошковски и Дачиќ го посетија ГП Табановце

Денес кампањата „Вози одморен“ беше промовирана на граничниот премин Табановце. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, заедно со директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, го посетија граничниот премин Табановце.

Двајцата министри Тошковски и Дачиќ кажаа дека е важно во полн ек на летна сезона возачите да внимаваат, да одмараат за се одбегнат сообраќајните несреќи. Тие двајца во изјавата за медиумите најавија дека ќе разговараат на повеќе теми, за меѓусебната соработка, но и за можности за надминување на метежот на граничните премини. По настанот, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Возачите да внимаваат на себе да одмараат, да консумираат вода и течности да се заштитат себеси и останатите учесници во сообраќајот, порачаа денеска надлежните од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. На патниците им беше поделен промотивен материјал, рекламен материјал, вода, освежувачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни