Македонија

Пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С.И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.

Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.

Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.09.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.03.2023.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни