Македонија

Пронајден и одземен пиштол: Ова се деталите за вчерашното разбојништво во аптека!

Пронајден и одземен пиштол: Ова се деталите за вчерашното разбојништво во аптека!

Синоќа околу 22:00 часот во Ново Лисиче се случи разбојништво во аптека.

Од МВР информираат дека разбојникот е приведен, а пиштолот е пронајден и одземен.

На 19.09.2024 во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(30) од н.Илинден, Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет. Пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Ново разбојништво вечерва во аптека во Ново Лисиче

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни