Македонија

Пронајден починат 46-годишен битолчанец во неговиот дом, телото дадено на обдукција

Пронајден починат 46-годишен битолчанец во неговиот дом, телото дадено на обдукција

Две одделни полициски пријави биле евидентирани вчера во Битолско – во едниот случај станува збор за пронајдено починато лице во куќа во Битола, а во другиот за физичка пресметка меѓу двајца мажи во селото Будаково.

Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека на 29 октомври, во 14:30 часот, било пријавено дека во куќа на улицата „Довлеџик“ во Битола е пронајден починат 46-годишен маж со иницијали З.С.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што на телото немало видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Во вториот случај, истиот ден околу 17 часот, во селото Будаково, општина Могила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 45-годишниот О.В. од селото Трап и 50-годишниот Е.Р. од Будаково.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни