Македонија

Пронајдени две починати лица во Гевгелија – телата дадени на обдукција

Пронајдени две починати лица во Гевгелија – телата дадени на обдукција

Во текот на вчерашниот ден, во два одделни случаи, во Гевгелија биле пронајдени две починати лица во нивните домови.

Првиот случај бил пријавен на 7 август во 11:20 часот, кога во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во семеен дом бил пронајден починат И.Г. (45) од Гевгелија. Екипа од Итната медицинска помош излегла на терен и констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Неколку часа подоцна, на 7 август во 16:35 часот, бил пријавен и втор случај на починато лице во дом во Гевгелија. Станува збор за М.Р. (45) од Гевгелија. И во овој случај, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а увид извршила исто така увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Полицијата ги истражува двата случаи, кои во моментот се во фаза на понатамошна истрага.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни