Македонија

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

Пронајдени бесправно исечени огревни дрва во ресенско, едно лице лишено од слобода

На 20.12.2023, полициски службеници од ОВР Ресен и вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен го привеле Н.К.(44) од Ресен.

При контрола на негов имот во с.Прелубје, ресенско, во 14.40 часот биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и печат.

Дрвата биле одземени и предадени на ЈП „Национални Шуми“ – Ресен, а по целосно документирање на случајот, против Н.К. ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни