Денеска е пронајдено безживотното тело на 29-годишното момче М.П. кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош.
Имено, после седумдневно пребарување, телото е пронајдено и извлечено од страна на тимот од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица.
Завчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонари ја пребаруваа браната. Како што беше објавено на нивната фексубк страница, сонарите детектирале објект во водата, а денеска со помош на пожарникарите е извлечено телото на удавеното момче.
Инаку, на 16 јули во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.