Рано утрово пронајдено е тело на женско лице на заштитната решетка од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, на влезот во кочанската населба Оризари.
За да може телото да се извлече од каналот вработените на водостопанската подружница од Кочани веднаш излегле на терен и го намалиле дотокот на вода од браната Калиманци.
Според сè уште неофицијални информации се работи за постара жена од Оризари, а случајот го пријавил нејзиниот син. На местото на настанот увид прават стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани, кои треба да го потврдат идентитетот на настраданата жена.