Македонија

Просечната месечна исплатена нето плата во февруари изнесува 39.276 денари

Просечната месечна исплатена нето плата во февруари изнесува 39.276 денари

Од државниот завод за статистика денеска велат дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 39.276 и во однос на февруари минатата година е повисока за 16,5 отсто.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 проценти), административни и помошни услужни дејности (22,5 проценти) и уметност, забава и рекреација (20,4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање (10,1 процент), рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни