Македонија

Просечната плата во мај достигна 49.544 денари – раст од 8,2 отсто за една година

Просечната плата во мај достигна 49.544 денари – раст од 8,2 отсто за една година

Просечната нето-плата во Македонија продолжува да бележи раст. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата по вработен достигнала 49.544 денари.

Во однос на истиот месец лани, платите се повисоки за 8,2 проценти, додека во споредба со април 2026 година е забележан месечен раст од 1,6 проценти.

Најголемо годишно зголемување на просечната нето-плата е регистрирано во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и санација на околината, каде растот изнесува 11,9 проценти. Следуваат уметноста, забавата и рекреацијата со пораст од 11,3 проценти, како и транспортот и складирањето, каде платите се зголемени за 10,9 проценти.

На месечно ниво, најизразен раст е забележан во секторот трговија на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли, каде просечната нето-плата е повисока за 6,3 проценти. По него следуваат рударството и вадењето камен со раст од 5,8 проценти и транспортот и складирањето со 5,7 проценти.

Податоците на ДЗС покажуваат дека просечната нето-плата во периодот од јануари до мај 2026 година изнесувала 47.905 денари, што претставува зголемување од 7,8 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Истовремено, реалната нето-плата, пресметана со влијанието на инфлацијата, во мај е повисока за 3,2 проценти на годишно ниво, што укажува дека растот на примањата го надминал растот на трошоците за живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни