Македонија

Протест на кавадаречки пензионери, се бара линеарно покачување на пензиите

Протест на кавадаречки пензионери, се бара линеарно покачување на пензиите

Мирен протест и денеска организираа кавадаречки пензионери, на градскиот плоштад во Кавадарци. Јавно беа повторени барањата, линеарно зголемување на пензиите, најмалата пензија да не е под 20 000 денари. Од строгиот центар на градот, беше упатен јавен апел до сите парламентарци и до Сојузот на пензионери, да се заложат за овие барања на незадоволните пензионери.

– Не се живее со мали пензии. Сите цени на артикли се зголемени во продажба, затоа бараме зголемување и на пензиите и тоа линеарно. Во нашата општина има 6.070 пензионери, 3.000 а можеби и повеќе се со пензија до 15.000 денари. Како да се преживее со тие пари. Не отстапуваме од нашите барања, нагласија пензионерите.

Повторно јавно беше поставено и прашањето, зошто скоро во сите општински здруженија работат пензионери со високи пензии, па плус земаат пари.

– И ние со ниски пензии знаеме, можеме и сакаме да работиме во здруженијата на пензионери, со тоа да придонесеме за подобар живот на пензионерите, повторија дел од присутните пензионери на мирниот протест.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни