Македонија

Протест на вработените во Македонска филхармонија пред Влада

Протест на вработените во Македонска филхармонија пред Влада

Денеска во 14 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе протестираат пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.

“Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука.”

Денеска, вработените ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата.

Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката “привремено” да смести уште една институција во објектот на Филхармонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни