Граѓани од разни места од Македонија по втор пат се собраа ред Собранието за да го изразат револтот за загадениот воздух.
За разлика од другите денови, на денешниот протест, освен музика, демонстрантите со себе донесоа и други предмети за забава.
Организаторите на протестот порачаа дека доколку не се земат во предвид нивните барања, ќе ги радикализираат протестите.
Демонстрантите истовремено изразија разочараност од малиот број граѓани кои излегоа на протестот. Упатија неколку пораки до сите граѓани да излезат што помасовно бидејќи станува збор за животот и здравјето на сите, брез разлика на националната, верската, но и политичката припадност.
Вчера во знак на протест, 15 минути беше блокиран главниот влез на депонијата Дрисла од страна еколошките активисти во организација на здружението „За чист воздух“. Побараа од властите поригорозни мерки против загадувањето и побараа да знаат што точно се гори во депонијата. Протести најавија и средношколците. Инаку, денеска најзагаден град во земјава беше Тетово.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ