Српските националисти протестираа против договорот за добрососедство со Косово. По долги преговори, Белград и Приштина го потпишаа договорот со посредство на Европската унија.
Националистите се незадоволни бидејќи веруваат дека договорот ја легитимира независноста на Косово. Митингот не беше доста посетен и помина речиси без инциденти.
Договорот беше поздравен како значајно достигнување на европската дипломатија. Нејзините 11 точки предвидуваат работи како взаемно почитување на документите, националните симболи, регистарските броеви и дипломите.
Белград и Приштина потпишаа и дека ќе ја почитуваат Повелбата на ОН за почитување на независноста, автономијата и самоопределувањето.