Протест во Нови Сад: Се бараа оставки од премиерот и градоначалникот

Граѓанскиот протест поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад започна околу 18 часот во тој град, а учесниците се собираа и се движеа кон железничката станица.

Организаторите бараат сите кои директно или индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница, а пред се бараат оставка од премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Се вчитува...

Како што претходно беше најавено, демонстрантите ќе носат бели рози и ќе остават отпечатоци од рацете обоени во црвено, со што ќе им порачаат на властите дека нивните раце се крави.

Студентите уште пред почетокот на протестот, како што прикажува телевизијата Н1, оставиле црвени отпечатоци пред Кривичниот суд во Нови Сад и поставиле транспарент напишан со црвена боја: „Затвор не оставка бандо“, исто така и „Чевлите и рацете ви се крвави“.

Силни полициски сили се во центарот на Нови Сад пред почетокот на протестот.