Проверете ги сметките: До крајот на месецов треба да ви легнат од 9.610 до 14.090 денари

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината треба да го добијат регресот за годишниот одмор попознат како К-15.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Се вчитува...

Единствен услов кој треба да се изполни за да се исплати овој регрес е работникот да работел намалку 6 месеци во годината кај ист работодавач и тој се исплатува еднаш во текот на годината.

Доколку регресот  не се исплати навреме за работодавачите следат огромни казни и до 4.000 евра, а за оние кои воопшто нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.