Свет

Првата смртна казна во Америка по 15 години ќе биде извршена во среда пред изгрејсонце

Првата смртна казна во Америка по 15 години ќе биде извршена во среда пред изгрејсонце

Официјални лица на американската држава Индијана се подготвуваат да ја извршат првата смртна казна во последните 15 години, објавија денеска американските медиуми.

Казната треба да биде извршена за Џозеф Коркоран, осуденикот кој пред 25 години беше осуден на најтешката казна за убиство на својот брат и уште тројца мажи, пренесува АП.

„Егзекуцијата на Коркоран (49) е закажана за среда пред изгрејсонце во државниот затвор во Мичиген, кој се наоѓа на 72 километри источно од Чикаго“, се вели во соопштението на затворските власти, пренесува Танјуг.

На 26 јули 1997 година, кога имал 22 години, Коркоран пукал во својот брат, 30-годишниот Џејмс Коркоран и уште тројца мажи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни