Македонија

Први детали од МВР за починатиот планинар на Пелистер

Први детали од МВР за починатиот планинар на Пелистер

На 19.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на место викано „Ловечка куќа“ на планината Баба било пронајдено починато лице.

Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон Пелистер.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Битола.

На местото на настанот увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

[irp posts=”316742″ ]

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни