Во Општата болница во Куманово, на гинеколошко-акушерското одделение, на 1 јануари во 17:10 часот беше родено првото бебе за 2025 година.
Среќната мајка, 26-годишната Хамиде Асанова од Крива Паланка, го доби своето второ дете – девојче, со породување извршено со царски рез.
„Раѓањето на девојче на првиот ден од годината симболизира бериќет и плодност. Иако се соочуваме со тренд на намалување на раѓањата, се надевам дека ова е добар знак за зголемување на бројот на новороденчиња во иднина,“ изјави директорот на болницата.