Психијатриската болница Бардовци безбедна – спречено проширување на пожарот!

По пожарот што денеска зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.

Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.