Македонија

Пукање во Батинци: Едно лице повредено од огнено оружје

Пукање во Батинци: Едно лице повредено од огнено оружје

Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на село Батинци, скопско, едно лице пукало врз друго лице. Според првичните информации, жртвата се здобила со повреди од огнено оружје.

Од полицијата информираат дека екипи се упатени на терен за увид и обезбедување на доказите, а во тек е потрага по напаѓачот. Повреденото лице е пренесено во здравствена установа за укажување на лекарска помош.

Истрагата за утврдување на мотивите и околностите на настанот е во тек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни