Пукање во Ѓорче Петров, едно лице застреално

Во скопската населба Ѓорче Петров ноќеска се случил вооружен инцидент, откако, како што соопшти МВР две лица со пиштоли нападнале друго лице и притоа му нанеле прострелна рана.

„На 27.09.2023 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“ “, соопшти МВР.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното