Македонија

Пукање во гостиварско Чегране – се обидел да убие соселанец поради долгови

Пукање во гостиварско Чегране – се обидел да убие соселанец поради долгови

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (66) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 17.11.2024 во с.Форино, поради претходни нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавениот со пиштол „Бровинг“ калибар 7,65 милиметри пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско.

Од него бил одземен пиштолот и рамка со четири куршуми. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни