Македонија

ПУКАЊЕ ВО ЛАСКАРЦИ: Едно лице загина

На 04.07.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 21.31 часот во с.Ласкарци, скопско, две лица од огнено оружје пукале кон Р.Ќ.(34) од с.Ласкарци.

Тој се здобил со повреди, по што починал во возило на Итна медицинска помош при транспорт до Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни