Македонија

Пушење само во приватни клубови со членарина – предлог-амандман на Законот за заштита од пушењето

Пушење само во приватни клубови со членарина – предлог-амандман на Законот за заштита од пушењето

Пушењето цигари да биде дозволено исклучиво во приватни клубови во кои пристап имаат само регистрирани членови што плаќаат членарина – ова е содржината на поднесениот амандман на Законот за заштита од пушењето, кој во моментов се наоѓа во собраниска процедура.

Според дефиницијата во амандманот, приватен клуб е правно лице регистрирано согласно закон, кое користи затворен простор со ограничен пристап, наменет единствено за регистрирани членови што доброволно членуваат и плаќаат членарина, и кој не е достапен за пошироката јавност.

Експертската група што го подготвуваше законот не го поддржува амандманот. Нивната оценка е дека дозволувањето пушење во приватни клубови нема значајно да придонесе за намалување на пушењето и нема да има доволен превентивен ефект, особено кај младите.

Од друга страна, министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, очекува законот да биде усвоен во следните две недели, по што би требало да стапи во сила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни