Повторно е пуштен за сообраќај граничниот премин „Богородица„ односно за влез во Грција, откако по неколку часа беше изгаснат пожарот што избувна денес над контролните објекти на грчката страна на граница. Струјата била исклучена, вработените евакуирани, границата беше затворена неколку часа.
Пожарот е изгаснат, границата е отворена, сообраќајот се одвива нормално, соопшти МВР.
Во меѓуграничниот простор имаше заглавено неколку колони возила, кои се нашле таму пред да се вивне огнот на грчката страна на преминот „Богородица“, односно „Евзони“. За миг се создадоа колони возила до Гевгелија.