Рускиот претседател Владимир Путин го одликуваше чеченскиот лидер Рамзан Кадиров со Орден за заслуги за татковината, соопшти денеска чеченскиот министер за национална политика, надворешни работи и информации Ахмад Дудаев.
Според Дудаев, орденот Кадиров е доделен за исклучителен придонес во зајакнувањето на руската државност, зголемување на нејзините одбранбени способности, како и за значајни достигнувања во социо-економскиот развој на Чеченија, пренесе РИА Новости.
Доделувањето на наградата се одржа во Кремљ.
Меѓу добитниците на наградите има претставници на јавни и верски организации, владини претставници, новинари, образовни и здравствени работници, како и познати уметници.