За време на претседавањето со организацијата БРИКС, Русија ги определи политиката и економијата како главни области на соработка меѓу членовите, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин во Казањ, каде што се одржува самитот на оваа организација.
„Ние се стремевме да го зајакнеме авторитетот на БРИКС, да ја зголемиме неговата улога во светските прашања и решавањето на итните глобални и регионални проблеми, и направивме сè за да го унапредиме и продлабочиме многустраната соработка на нашите држави во три главни области: политиката и безбедноста, економијата и финансии, како и во културната и хуманитарната сфера“, истакна Путин, пренесе руската агенција РИА Новости.
Тој посочи дека се презема многу за да се обезбеди целосна интеграција на новите членки во работата на БРИКС.