Breaking Жестока расправија меѓу Филипче и Славески за „Алта банка“ – гувернерот му порача: Разумен човек би го избришал срамниот пост!
Свет

Путин нареди масовно производство на ракети Орешник

Путин нареди масовно производство на ракети Орешник

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди сериско производство и продолжување на борбените тестови на новата хиперсонична балистичка ракета „Орешник“, која вчера беше употребена за напад на Украина.

„Ќе продолжиме со овие тестови, особено во борбени услови, во зависност од ситуацијата и природата на заканите за безбедноста на Русија“, рече тој на телевизискиот состанок со воени претставници.

Путин рече дека овој тип на проектили не може да биде пресретнат од непријателот.

„Ќе додадам дека нема контрамерка за таква ракета, нема средства за нејзино пресретнување во светот денес. И уште еднаш ќе нагласам дека ќе продолжиме да го тестираме овој најнов систем. Неопходно е да се започне со негово масовно производство“, рече рускиот претседател.

„Всушност, системот Орешник не е стратешко оружје, во секој случај, тој не е интерконтинентална балистичка ракета, не е средство за масовно уништување, вклучително и затоа што е исто така високопрецизно оружје“, истакна Путин на состанокот. со раководството на руското Министерство за одбрана, претставници на воената индустрија и развивачите на ракетно оружје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни