Владимир Путин ја отвори прес-конференцијата велејќи дека преговорите се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување.
„Одржавме многу темелни преговори кои беа доста корисни“, продолжи тој, заблагодарувајќи му се на Доналд Трамп за предлагањето на самитот во Алјаска.
Рускиот претседател зборуваше за заедничката руска и американска историја во Алјаска и истакна дека тоа е логична локација за нивните разговори.
„Благодарен сум на Соединетите Американски Држави за нивниот внимателен став кон сеќавањето на советските војници погребани во Алјаска. Воспоставив многу добри директни контакти со Трамп. Ситуацијата околу Украина беше едно од централните прашања на самитот во Алјаска.“, порача Путин.