Македонија

Работниот комитет за европски интеграции ќе го разгледа статусот на имплементација и статусот на ИПА.

Работниот комитет за европски интеграции ќе ја одржи 40-тата седница за објаснувачкиот скрининг, а ќе биде разгледан статусот на имплементација на Планот 18, како и статусот на ИПА.

Седницата во својство на претседател, ќе ја води заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, а на седницата, покрај државните секретари на министерствата, ќе присуствуваат и претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни