Македонија

Радев: Македонската влада треба да го користи тонот на Сиљановска-Давкова

Радев: Македонската влада треба да го користи тонот на Сиљановска-Давкова

„Тонот на конструктивен, прагматичен и отворен дијалог што го поставуваме со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, треба да го усвои и Владата на Република Северна Македонија. Ние како претседатели покажавме дека дијалог е можен и може да биде конструктивен“, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Радев ја предводи бугарската делегација која учествува на 29. сесија на Светската конференција за климатски промени во Баку, Азербејџан.

Тој кажа дека сè ќе се знае во блиска иднина и ќе зависи од македонските власти на исполнување на условите од преговарачката рамка.

„Се договоривме да разменуваме информации за историската комисија. Тоа може да оди паралелно со процесот“, рече Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни