Радев: Софија очекува Сиљановска да ја претвори изразената желба за дијалог и разбирање во конзистентна политика на Владата во Скопје

Бугарија очекува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да ја претвори изразената желба за дијалог и разбирање во доследна политика на Владата на Република Северна Македонија. Ова е ставот што бугарскиот претседател Румен Радев го пренел на Сиљановска Давкова при денешната средба во Софија, според соопштението од неговиот кабинет.

Претседателот Радев на средбата нагласил дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да го стимулира работењето на владите, бизнисите, како и билатералната размена во образованието, науката и културата.

Бугарија, како што посочува Радев, секогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекува дека оваа отвореност ќе придонесе не само за културно зближување и економска соработка, туку и за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји. Тој додаде дека решенијата треба да се базираат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на Република Северна Македонија.

Радев истакна дека овој пристап ќе го отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на Северна Македонија, што ќе биде позитивен знак за целиот регион.

Тој исто така повика на поголеми заеднички напори од Бугарија и Северна Македонија за изградба на транспортниот коридор 8, кој е клучен за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде нови можности за бизнис, туризам и инвестиции во регионален план.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното