Балкан

Рама обвини за директно руско влијание во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска зборуваше за руското влијание во Албанија, поврзувајќи го со лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија.

-Тоа е ситуација во која е потребно големо разбирање на фактите. Не можеме да кажеме: не, нема врска. Згора на тоа, наместо да ги информираме луѓето, да создаваме услови да се договорат за фактите на војната која не напаѓа не со бомби, туку преку енергија и инфлација, ние ја зголемуваме дозата на отров, дезинформации и злоба во однос на јавноста, преку изјави кои се ниски клевети и преку медиумски извештаи кои ги рефлектираат тие видови клевета и ги зголемуваат, рече Рама на собир во градот Ерсек.

Според премиерот, тоа не се случајни нешта, обвинувајќи за директно руско влијание.

-Ова е директно руско влијание во Албанија. Кога го покренавме прашањето за финансирањето на ПД со руски пари, ни рекоа дека тоа е клевета од Еди Рама и Сорос. Но, тоа излезе во извештајот на ЦИА. Приказната за потопувањето на таа партија во вреќи со рубли ниту започна со она што го знаеме и што го знаете, ниту пак заврши со тоа. Тоа е сојуз на рубљи, меѓу тие две партии (ПД на Сали Бериша и ПЛ на Илир Мета) и на кој одекнуваат некои искривени медиумски извештаи кои постојано трујат со најбанални клевети, обвини тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни