Претседателот на „Здружението на Бошњаците во Република Македонија“ Зеќир Рамчиловиќ, денеска го честиташе потпишувањето на Протоколот за членство на НАТО во Македонија, истакнувајќи дека тоа било и негова стратешка цел, како и на Здружението.
„Денес е историски ден, денес ја реализиравме нашата стратешка цел зад која стоjат сите политички и општествени субјекти, но пред се граѓаните. Горд сум што денес е потпишан протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане членка на најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со тоа нашата меѓународна позиција, нашата стабилност и безбедност се загарантирани, а нашата улога во светски рамки проактивна. Ова ќе биде и многу позитивен импулс за инвестирање и развој на економијата.
Горд сум што бев дел од процес кој на Македонија и на нејзините граѓани им овозможува стабилност и безбедност, а со тоа и просперитет и подобра иднина. Во интерес на граѓаните и понатаму активно сум вклучен во изготвувањето и донесувањето на реформските закони значајни за граѓаните и интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Ова е придонес и за мирот и стабилноста на државите во регионот и пошироко. Никогаш повеќе војни – секогаш стабилност, сигурност и безбедност.
Нека ни е честито“, напиша Рамчиловиќ на својот профил на „Фејсбук“.