Македонија

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Вчера попладне на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полицијата ја привеле дваесет и тригодишната Џ.С. од Кочани.

Како што информираат од МВР, таа се сомничи дека во средата физички ја нападнала шеесет и деветгодишната Л.М. од Штип, и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката.

По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни