Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски денеска ја доби пресудата за предметот „Софтвери“, кој се однесува за набавката на софтвер за контрола на сообраќајот.
Рашковски доби вкупно 8 години казна затвор за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.
Покрај него, за виновни се прогласени и Ивица Димитровски (пет години затворска казна), Игор Христов (пет и пол години), Даниел Станчев (четири години), Ирена Ивановска (3,5 години), Игор Ивановски (3 години) и Маја Силјаноска (3 години) за „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11 милиони денари.
Судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име.