Македонија

Раскинат договорот за изградба на штипската болница, се бара активирање на банкарската гаранција

Раскинат договорот за изградба на штипската болница, се бара активирање на банкарската гаранција

Министерот за здравство Фатмир Меџити го раскина договорот со фирмата изведувач за изградба на новата штипска болница и побара да се активира банкарската гаранција, потврдиле од Министерството за здравство за ТВ 24.

Оттаму велат дека раскинувањето на договорот е поради фактот што изведувачот ги преминал сите рокови.

Од министерството очекуваат неделава одлука за активирање на гаранцијата, потоа откако и формално ќе заврши постапката да објават нова јавна набавка за избор на нов изведувач.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни