Распределен унифицираниот албански буквар: Симболичен чекор, но незадолжителен во учичиштата на Северна Македонија

Албанскиот унифициран буквар се дели на учениците на првиот училиштен ден.

Во основното училиште „Лирија“ во Чаир, првиот вицепремиер Изет Меџити заедно со заменик министерот за образование Љуљзим Алиу свечено го претставија унифицираниот буквар.

-Денеска заедно со наставниците, учениците и родителите го инаугурираме унифицираниот буквар за учениците од прво одделение. Овој буквар ја означува кулминацијата на нашите напори да го заштитиме нашиот идентитет од налетот на глобализацијата и Интернетот“, рече Меџити.

И во Тетово истиот буквар го подели градоначалникот Биљал Касами.

-Го предавам албанскиот сенационален буквар и за оваа година што ќе им служи и на учениците од училиштата во Тетово“, рече Касами.

Заменик министерот за образование Љуљзим Алиу пред неколку дена во Дејли клик рече дека Заедничкиот буквар може да се користи само како дополнителен учебник и не може да биде задолжителен.

-Постојниот закон за учебници не дозволува како задолжителен текст да се вметнува текст од автори кои не се државјани на државата. Заедничкиот буквар може да се користи како дополнителна алатка, како помошна алатка дури и за наставниците по албански јазик, но не е задолжителен за сите први одделенија“, изјави Алиу.

Потсетуваме дека овој Буквар со години беше најавуван од високообразовните институции во Северна Македонија, но тоа не беше спроведено.

-Одлука на наставниците ќе биде како ќе се користи. Верувам дека и наставниците и учениците чекаа да го добијат овој буквар во свои раце и верувам дека ќе го користат сите ученици Албанци во Северна Македонија“, вели Касами.

Унифицираниот национален албански буквар, кој со години се користи во Косово и Албанија, има за цел да го унифицира учењето на албанските букви и првите зборови за албанските ученици во овие три држави од регионот.