Свет

Расте бројот на жртви во Кина: Загинаа 145 лица, речиси 1.000 повредени

Расте бројот на жртви во Кина: Загинаа 145 лица, речиси 1.000 повредени

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди северозападна Кина се искачи на 146, а три лица се водат за исчезнати, јавија кинеските државни медиуми.

Речиси 1.000 луѓе беа повредени во земјотресот .

Државната телевизија CCTV прикажа снимка на која се гледаат кранови како ставаат контејнери во селото Меипу во провинцијата Гансу.

Се очекува на девет локации во тоа село да бидат поставени вкупно 500 контејнери .

Повеќе од 87.000 луѓе беа евакуирани по земјотресот во понеделникот вечерта , а многумина беа засолнети во шатори на температури под нулата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни