Македонија

Расте цената на бензинот – дизелот се намалува!

Расте цената на бензинот – дизелот се намалува!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 % во однос на одлуката од 28.7.2025 година.

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                           75,00 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                           77,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        69,50 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)           69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                               39,945 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни