На 20.11.2026 во с.Баница, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода И.В.(23) и А.В.(22), а повикани во Полициската станица Струмица се и В.Р.(19) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко.
Според пријавеното, околу 18:30 часот во маркет во с.Баница, физички го нападнале В.С.(40) од истото село и со употреба на сила, одзеле пари од касата.
По документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.