Во живо Отворено студио Избори Србија 2026
Свет

Речиси 1.000 уапсени на масовните протести во Франција, судири со полицијата во повеќе градови

Речиси 1.000 уапсени на масовните протести во Франција, судири со полицијата во повеќе градови

Масовните протести во Франција ескалираа во насилство во повеќе градови, по што полицијата уапси речиси 1.000 лица. Стотици илјади граѓани излегоа на улиците незадоволни од растот на трошоците за живот и состојбата во училиштата, а демонстрациите се одржаа под засилени безбедносни мерки.

Според француското Министерство за внатрешни работи, на протестите учествувале околу 410.000 луѓе, додека синдикатите проценуваат дека бројката достигнала 800.000. За одржување на редот и спречување нови немири биле распоредени околу 70.000 полицајци.

Иако поголемиот дел од денот поминал мирно, ситуацијата се влошила во вечерните часови. Во Париз, полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера групите демонстранти кои поставувале барикади и кршеле излози. Во Марсеј биле запалени контејнери и импровизирани барикади, додека во Бордо маскирани лица оштетувале продавници.

Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез потврдил дека се приведени речиси 1.000 лица, со можност бројката дополнително да се зголеми. Тој информирал и за две лица кои се здобиле со тешки повреди во Тулуз и Клермон-Феран.

Засиленото полициско присуство, според извештаите, помогнало да се спречи повторување на штетите од претходниот викенд, кога биле оштетени повеќе од 2.000 деловни објекти, а материјалната штета била проценета на стотици милиони евра.

Протестите дополнително ја зголемуваат политичката неизвесност во Франција, каде што претседателските избори треба да се одржат за шест месеци.

Незадоволството и судирите се прошириле и во други европски градови. Во Барселона биле уапсени повеќе од 100 лица по студентски протест кој прераснал во насилство. Во Тирана полицијата употребила солзавец против илјадници антивладини демонстранти, додека судири биле регистрирани и во Брисел. Во Милано, пак, била спроведена голема безбедносна операција со учество на војската за да се спречи собирање на демонстрантите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни