Македонија

„Рекет“ има план за уривање на СЈО: „За една круша не скапува цела гајба“

Рекет има режисер кој скандалот го испланирал со цел уривање на СЈО, смета екс обвинителот Александар Наков, додавајќи дека расчистувањето на Рекет е на почеток.

Рекет претставува голема штета за СЈО, вели Наков додавајќи дека предметите не треба да паднат во вода туку дека започнатата работа треба да ја заврши редовното обвинителство.

Политикологот Ненад Марковиќ вели дека “ Не скапува цела гајба за една скапана круша”, затоа работата на СЈО не треба да пропадне по вина на Јанева, и додава дека постојат сили кои сакаат да го нарушат угледот на СЈО со цел да пропаднат сите предмети и да се спасат сите обвинети.

На прашањето, дали вмешаноста на Јанева во Рекет може да ги урне сите истраги, специјалната обвинителка, Лиле Стефанова, рече дека такво нешто не е можно бидејќи верува во правилното работење на нејзините 10 колеги, а исто така тврдеше дека нејзините предмети се чисти. Пред некој ден, истото го тврдеше нејзината колешка, Фатиме Фетаи, велејќи дека можната индивидуална одговорност на Јанева не треба да се користи како оправдување со цел да се заборави направениот криминал последните години а со тоа да се прекине и борбата на СЈО.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни